0
<

Зошто M СТОП?

Еве зошто веруваме дека М СТОП(рекламирање на автобуските постојки) е извонредно ефикасен начин на рекламирање. Дојде време кога луѓето сѐ помалку време поминуваат дома. Како резултат на тоа, сѐ помалку се изложени на традиционалните медиуми како телевизија, радио, весници и списанија. Денешниов брз и динамичен начин на живот секојдневно предизвикува повеќето луѓе да се на редовни, повторливи, планирани или непланирани-импулсивни патувања: нa работа, на училиште, во супермаркет, при посета на пријателите, во сала, на вечера, прошетки и рекреација итн... Токму ваквиот начин на живот придонесува огромен број луѓе да бидат изложени на надворешното рекламирање. Стратешки лоцирани на најфреквентните улици, автобуските постојки имаат моќ ефикасно да им ја пренесат рекламната порака на луѓето додека чекаат или се возат со автобус, минуваат пеш или со возило.



Со М СТОП се постигнуваат ефекти на:


- стартување, градење и одржување свесност за бренд на економичен начин;

- големо влијание кај масовна публика со ниски трошоци;

- се мултиплицира ефектот од други медиуми, преку зајакнување и повторување на рекламната порака во текот на еден подолг временски период;

- го обезбедува „патот за купување“, претворајќи ја свесноста за брендот во однесување на потрошувачите додека пазаруваат;

- Информирање на масовна публика за нови производи, наградни игри, попусти и продажни поволности, нов продажен објект и слично;

- високофреквентни локации идеални за директна промоција и дегустација на производ, директна промотивна продажба со награди и подароци...

- можност за тридимензионални екстензии, со што рекламата ќе постигне драматични влијанија врз корисниците.



Предности на медиумот:


- нов медиум за надворешно рекламирање;

- нови автобуски постојки;

- погоден за рекламирање на сите производи и услуги;

- рекламата може да биде поставена пред точно определени објекти од интерес или избор на повеќе објекти, во определен дел од градот или низ цел град;

- овозможуваат видливост на ниво на очите на корисниците на јавниот превоз, пешаците и сите учесници во сообраќајот.



Масовен медиум


- застапеност во сите зони во Скопје;

- 24/7 часа видливост на реклама;

- поставеност на автобуските постојки каде што има најголема концентрација на луѓе, со оглед дека при поставувањето на постојките е водено сметка за оддалеченоста и концентрацијата на населението.



Високо ниво на перцепција


- голем рекламен простор;



Креативен рекламен простор


- исклучително креативен рекламен простор;

- исклучително погоден за герила маркетинг.



Зошто да ни верувате и да почнете да ги користите услугите на М СТОП?


Според статистичките податоци на ЈСП Скопје, во текот на 2015 година превезени се вкупно 52 милиона патници, односно 4,3 милиони месечно, од кои: 38% вработени, 40% ученици и студенти, 2% пензионери и останати 20% . Во овие бројки не влегуваат патниците превезени со приватните превозници, а кои ги користат истите автобуските постојки. Исто така, оваа бројка значително се зголемува ако се земат предвид пешаците и сите учесници во сообраќајот. Ова се аргументите заради кои цврсто веруваме дека „рекламните куќички“ ќе понудат засолниште, информации, забава и ќе ги стимулираат потрошувачките сетила на потенцијалните купувачи.